Sparkasse Bank Makedonija AD
No bio yet
This person is not in any offices
Sparkasse Bank Makedonija AD
Sparkasse и знакот „S“ „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје" е составен дел од групацијата „Штаермеркише Шпаркасе", која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Препознатливоста на оваа групација се должи на логото „Sparkasse“ со црвениот знак „S“, кој претставува сигурност, доверба и традиција. Таа се издвојува од конкуренцијата со својата близина до клиентите и регионалниот пристап до клиентите од една страна, како и стручноста и големината на компанијата од друга страна. Да создаваме дополнителна вредност за нашите целни групи: клиентите – градиме силна и долгорочна врска со нашите клиенти кои се центарот на сѐ што работиме, преку обезбедување долгорочни придобивки и давање на искуство поразлично од она што го нудат другите банки; акционерите – зајакнување на капиталот и обезбедување на долгорочна стабилност во работењето на Банката преку континуирано обезбедување адекватни стапки на поврат, преземање на прифатливо ниво на ризик и добри одлуки за алокација на ресурсите; вработените – едуцирани, обучени и мотивирани вработени во насока на подобрување на квалитетот на услугата кон клиентите и квалитетот во работењето; заедницата – подигнување на свесноста за општествена одговорност преку партиципирање во постојни и воведување нови иновативни проекти што ќе бидат од значење за заедницата.